Top Sport

Грожан: Се смирив и мислев дека смртта е блиску

Роман Грожан е среќен човек. Среќен што е жив по неверојатниот судир во Бахреин минатиот викенд, и сега во интервју со Мартин Брандл, францускиот возач на Хас објасни што точно му поминуваше низ глава во тие 28 секунди кои ги помина во огнот на Сакир.

„Искрено, не мислев дека ќе завршам вака. Размислував за Ники Лауда и за тоа што тој го преживеа пред толку години“, вели Грожан.

Тој остана во автомобилот по страшниот судар и признава дека во два обиди не успеал да излеззе од болидот и признава дека мислел дека неговата смрт е многу блиску.

„Одеднаш се почувствував опуштено и мислев дека сега ќе умрам. Тогаш помислив дали ќе боли и што ќе се случи прво. Тоа беше страшно чувство. Помислив на моите деца и знаев дека не смеам да умрам. Излегов од болидот, но видов дека ракавиците ми горат. Потоа го почувствував докторот Јан до мене и знаев дека уште сум жив“, открива Грожан.

Scroll to Top