Мечот меѓу еквадорскиот Ел Насионал и Сан Хозе од Боливија во Копа Судамерикана донесе зачудувачки фаул – од судијата до голманот на Ел Насионал, Јохан Падиља.
Мечот во Боливија беше израмнет (1:1), резултат кој им одговараше на Ел Насионал, кои водеа со 4:3 во двомечот, по што Падиља реши да троши време. Судијата Хозе Арготе му додели жолт картон, и кога го допре, тој реши да конкурира за Оскар со неверојатно глумење.
Иако имаше среќа што судијата не му додели црвен картон, не беше јасно пред кого глумеше голманот? Кој ќе го казнеше судијата?