Интер забележа рутинска победа во 10.коло, во Серија А. На „Џузепе Меаца“, Интер ја победи Болоња со 3:1.
Интер ја забележе шестата победа во првенството, сега се на второто место со 21 бод.
Најдобриот играч на Интер, Ромелу Лукаку во 16.минута го постигна првиот гол на натпреварот. Во самиот финиш на првиот дел, 40 милиони вредниот Ашраф Хакими, зголеми на 2:0.
Болоња играше нешто подобро во вториот дел и во 67минута преку Вињато намали на 2:1.
Сепак, надежите на Болоња, дека може до пресврт четири минути подоцна, ги уништи Хакими со својот втор гол.