Top Sport

Конте, уште еднаш, го понижи Ериксен

Не е тајна дека Антонио Конте никогаш не го посакал трансферот на Кристијан Ериксен во Интер и дека е многу веројатно дека Данецот ќе си замине од Милано во јануари, но последниот пример покажува дека очигледно постои нетрпение меѓу двајцата.

Конте вчера реши да го внесе Ериксен во игра во мечот со Болоња, но дури во 91. минута кога мечот веќе беше добиен (3:1). Тешко дека постои појасна порака за тоа што мисли тренерот за својот играч.

Scroll to Top