Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба признава дека му било потребно долго време за физички да се опорави од корона вирусот, велејќи деке не можел да трча во првиот меч од новата сезона.
Погба беше позитивен на КОВИД-19 на 27 август, повлекувајќи се од првите мечеви за Франција, поминувајќи 10 дена во карантин, пред да се врати на тренинзи со Јунајтед и да биде во првиот состав на мечот со Кристал палас на 19 септември. 27-годишниот Французин се мачеше со формата при 3:1 поразот, и потоа следуваше падот во формата и губењето на местото во првиот тим на Оле Гунар Солскјер.
Сепак, тој се врати во игра против Вест хем вчера, кога постигна одличен гол за израмнување и за почетокот на камбекот при 3:1 победата.
„Не знам како да ви објаснам, бидејќи нема да разберете. Дури и на тренинзи им кажував на тренерите дека се чувствувам чудно, дека не сум тоа јас. Се уморував веднаш и немав здив. Првиот меч од сезоната едноставно не можев да трчам. Ми беше потребно долго време да се вратам во добра физичка форма. Сега беше убаво да се одиграат 90 минути и да се најде ритамот“, вели Погба.