Top Sport

Мик Шумахер стана шампион во Формула 2

Мик Шумахер, синот на легендарниот шампион Михаел, пред трансферот во Формула 1 следната сезона се „загреа“ со освојување на Формула 2 титулата, иако на последната трка од сезоната во Бахреин заврши само на 18. место.

Со 14 поени предност пред неговиот единствен ривал за титулата Калам Илот пред неделната спринтерска трка на Сакир, Шумахер имаше проблеми со гумите на стартот на трката, влегувајќи во боксот во 19-тиот круг и губејќи ја шансата да се бори за подиум. Џехан Дарувала стигна до првата победа во кариерата победувајќи го Ден Тиктам, додека Илот, кому му требаше победа, иако беше трет во поголемиот дел од трката на крајот заврши на 11. место.

Мик Шумахер, кој во 2018 година беше шампион и во Формула 3, е дел од академијата на Ферари, кои го поддржуваа оваа сезона во Ф2, и му помогнаа следната година да вози во Формула 1 во тимот на Хас Ф1 покрај Русинот Никита Мазепин.

Scroll to Top