Претседателот на Меѓународната велосипедска унија (УЦИ), Давид Лапартјен сака да биде покрената истрага против тимот Скај.
Причина за ваквото барање е наодот во допинг извештајот дека Бредли Вигинс, а можеби и останатите од тимот, користеле недозволени супстанци на Тур Д’Франс во 2012 година.
Лапартјен рекол дека сака да биде покрената независна истрага на анти-допинг комисијата при УЦИ за да се утврди „дали некој ги кршел допонг правилата“.
Комитетот на британскиот парламент во својот извештај наведува тимот Скај ја „минал етичката граница“ кога побарал тарапевтско изземање на Вигинс, за тој да може да го користи забранетиот стероид „не за медицински потреби, туку за да го зголеми односот на силата и тежината“.
Вигинс во 2012 година победи на Тур Д’Франс. Тимот Скај и Вигинс ги негираа обвинувањата со образложение дека супстанцата била земена од медицински причини и според правилата на УЦИ и Светската анти-допинг агенција.
Во интервју за Би би си Лапартјен рекол дека наодите од извештајот „би можеле да го нарушат кредибилитетот на велосипедизмот на светско ниво“.