Top Sport

Унгарките со „приземјување“ за уморните Србинки

Неполни 16 часа по сензационалната победа над светскиот шампион Холандија, ракометната репрезентација на Србија доживеа дебакл во мечот со Унгарките, кои стигнаа до 38:26 (20:11) победа во второто коло на Европското првенство во Данска.

Србинките беа еднакви ривалки само во првите десетина минути, и сега ги очекува пресметка со Хрватска за влез во втората рунда. Хрватките по победата над Унгарија во првото коло од 18.15 часот играат со Холандија.

Без својата најдобра ракометарка Андреа Лекиќ (која се повреди против Холанѓанките), Србинките губеа дури со 16 поени разлика. Сандра Солоши-Сачик имаше 10 гола а Унгарија, Викторија Лукач додаде шест, а за Србија, Сања Радосављевиќ беше најефикасна со пет гола.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО РАКОМЕТ 2020, 2.КОЛО

ГРУПА Ц

Србија – Унгарија 26:38 (11:20)

Хрватска – Холандија 18.15 ч.

Scroll to Top