Истрагата на обвинителот на Сан Исидро, предградието на Буенос Аирес, околу смртта на Диего Армандо Марадона покажала дека тој не добивал вистинска терапија за својата срцева болест.
„Никој не се грижеше за пациентот, и тоа претставува сериозна негрижа од страна на докторите. Пациентот не бил надгледуван, не бил под постојана грижа како што побаруваше неговата состојба. Тој не земал медикаменти за својата срцева болест. Без сомнеж, неговиот доктор официјално беше Леополдо Луке, кој направил целосно погрешна домашна нега, иако ја имал целосната доверба на пациентот. Тој само сакаше да биде човекот кој го спасил Марадона“, вели обвинителот.
Веднаш по смртта на 60-годишниот Марадона, официјално од срцев напад, аргентинската полиција влезе во канцелариите на Луке.
Луке бил дел од хируршкиот тим кој 20 дена пред смртта на Марадона ја извршл операцијата на мозокот за да се отстрани тромб. Тогаш Марадона бил опишан како „тежок пациент“ поради неговата зависност од алкохол и дроги, но обвинителот тврди дека тој „морал да добие третман и против неговата волја“.
Salió a la luz un juicio previo por homicidio que enfrentó Leopoldo Luque https://t.co/2PwqyEl5z5
— Telebajocero (@telebajocero) December 6, 2020