Тренерот на романскиот клуб Ботошани, Мариуш Кроитору едноставно не можеше да се исконтролира откако неговиот клуб прими евтин гол во судското продолжение за 2:2 реми со Сепси.
40-годишниот Кроитору прво се тресна од земја со лицето во трева, по што реши својот бес да го искали на голманот (кој искрено слабо реаиграше) и попат да го загуби и горниот дел од тренерката.
Best manager reaction after a goal conceded at the last second? Probably so. Watch this. pic.twitter.com/dOEtSThg7k
— Emanuel Roşu (@Emishor) December 5, 2020