Top Sport

Косово ја избегна Србија, но се најде во група со три држави кои не го признаваат

Иако репрезентацијата на Косово требаше да заврши во групата А со Португалија, УЕФА ја избегна можноста да ја постави во група со Србија, автоматски префрлајќи ја во групата Ц во квалификациите за СП 2022, иронично, со три држави кои официјално ја немаат признаено независноста – Шпанија, Грција и Грузија.

Шпанската влада реши да не го признае прогласувањето на независноста на Косово на 17 февруари 2008 година поради сопствените проблеми со сепаратистичките движења во Каталонија и Баскија.

Шпанската кралска фудбалска федерација (РФЕФ) пред ждрепката побара само едно нешто – да не е во група со Гибралтар, поради спорот со минијатурната држава на нејзините граници. Шпанија во февруари 2019 се повлече од организирањето на Европското првенство до 17 години, поради непризнавањето на знамето и химната на Косово, по што УЕФА ја „пресели“ групата во Нион, Швајцарија, но ги натера Шпанците да ги покријат трошоците.

Сепак, оваа година, на 5 мај, шпанскиот премиер Педро Санчез учествуваше на самитот со балканските земји, вклучувајќи го и Хашим Тачи, во прв пример Шпанија да учествува на една конференција во присуство на Косово. Не се очекува да има било какви политички проблеми за одигрувањето на мечевите.

Scroll to Top