Top Sport

Кјелини: Неуспехот е во историјата на Тотенхем!

Легендата на Јувентус, Џорџо Кјелини вели дека знаел дека Тотенхем не може да ги елиминира во Лигата на шампионите, бидејќи во историјата на англискиот тим е „неуспехот“ и се работи за тим кој нема менталитет за освојување трофеи!

Јуве постигна два гола за неполни три минути за да го шокираат Маурисио Почетино и Спарс, по што Кјелини ја „смисли“ оваа помалку навредлива изјава за лондонскиот клуб.

„Тотенхем, тоа е во историјата на Тотенхем. Тие секогаш креираат многу шанси за голови, но на крајот секогаш им недостасува нешто да стигнат до целта. Ние веруваме во историјата. Истото се покажа на мечот меѓу Реал Мадрид и Париз – историјата е важна, искуството е важно и тоа ни донесе победа. Тотенхем се на работ да можат да стигнат до вакви победи. Понекогаш ти недостасува таа искра, можеби трофеј зад себе, но ние го имавме тоа во клучниот момент“, вели Кјелини.

Менаџерот на Тотенхем, Почетино не се согласува.

„Не се работи за недостаток на искуство, недостаток на концентрација. Колку шанси дозволивме во двата натпревари? Денеска три шанси, и тие постигнаа два гола. Реалноста е таа. Се чувствувам горд на мојот тим кој доминираше во двата натпревари“, вели Почетино.

Фото: ЕПА

Италијанска шок-терапија на „Вембли“ – Јуве го помина Тотенхем (видео)

Scroll to Top