Хамбургер, клубот на кој повторно му се заканува испаѓање од Бундеслигата, реши да го отпушти генералниот директор Хериберт Брухаген и спортскиот директор Јенс Тод, откако поранешните европски шампиони немаат победа во последните 12 меча.
Хамбург СВ, единствениот тим кој играл во Бундеслигата во сите сезони од формирањето на лигата во 1963 година, во моментов се на 17. место со 18 поени, со седум поени заостанување од место кое води во плеј-офот за опстанок во лигата, а во сабота играат со моќните Баерн Минхен.
Тренерот Бернд Холербах, кој го замени Маркус Гиздол во јануари, останува на својата позиција.
„По длабинската анализа на ситуацијата, решивме да го направиме овој чекор и да почнеме одново“, вели претседателот на бордот на клубот, Бернд Хофман.
Шесткратните германски шампиони минатата сезона избегнаа трет плеј-оф за опстанок во последните четири години, но по добриот старт на сезоната 2018/19, загубија седум од последните седум меча.
Фото: ЕПА