Top Sport

Олимпијакос први ја освоија „Палау Блауграна“

Олимпијакос го одигра најдобриот меч оваа сезона, за да стане првиот тим кој триумфирал во „Палау Блауграна“ оваа сезона во Евролигата, триумфирајќи со 96:88 за да ја прекинат низата од два порази.

Хасан Мартин имаше 17 поени, а Костас Слукас дабл-дабл со 15 поени 10 асистенции, но клучен играч за Олимпијакос беше Арон Херисон во одбраната. Откако Барса се врати од 11 поени негатива за 82:84 за Олимпијакос, Херисон прво украде топка по што беше направен неспортски фаул над него и „црвените“ освоија пет поени во низа на 2:19 пред крајот.

Анадолу Ефес, пак, предводени од Василије Мициќ го изддржаа камбекот на АСВЕЛ за 72:68 победа и прекин на лошата серија. АСВЕЛ имаа предност во последните две минути од мечот, но Мициќ (22 поени) и Шејн Ларкин (18 поени) ги вратија во игра, пред Сертаџ Санли да постигне две слободни фрлања на една секунда за одлучување на мечот.

ЕВРОЛИГА

Химки – Милано 93:102 (20:28, 27:26, 21:18, 25:30)

Анадолу Ефес – АСВЕЛ Лион 72:68 (13:19, 20:8, 15:17, 24:24)

Барселона – Олимпијакос 88:96 (17:26, 30:25, 16:21, 25:24)

Валенсија – Зенит Санкт Петерсбург 72:85 (12:16, 27:17, 21:32, 12:20)

Scroll to Top