Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, со кого честопати се потсмеваат на Интернет поради неговиот моден стил, во четвртокот пристигна во Валдебебас, тренинг-центарот на неговиот клуб со „шпанско фиќо“ – Сеат 600 со персонализирани детали.
Рамос на крајот на месецот го прославува својот 31. роденден, и класичниот автомобил му е подарок од неговиот брат. Сеат 600, слично како југословенското Застава 750, е копија на класичниот италијански автомобил Фиат 500.
„Класичните автомобили никогаш не умираат. Подранет роденденски подарок, благодарам. Те сакам, брату“, напиша Рамос на Инстаграм.