Полицијата во Модавија, во соработка со Еуропол, уапсила четири лица кои се обвинети за местење на натпревари.
Во текот на полициската акција бил извршен претрес во 34 куќи и во просториите на еден фудбалски клуб, објави Еуропол.
Се претпоставува дека клупски челници, тренери, менаџери и фудбалери биле дел од криминална мрежа.
Во оваа голема корупциска афера се вклучени пет од десетте фудбалски клубови кои се натпреваруваат во најсилната лига во Молдавија.
Се претпоставува дека во период од пет месеци биле наместени 20 натпревари, во тековната сезона 2020/2021.
Уапсените се обложувале на тие наместени натпревари во обложувалници во Азија.
Профитот од нелегалното обложување изнесувал 600.000 евра.
Од Еуропол, соопштија, дека биле откриени криминални врски и со држави од Европската унија и дека истрагата е во тек.