Top Sport

Куман во судијата го најде виновникот за поразот од Јувентус

Барселона, синоќа на домашен терен, доживеа тежок пораз од Јувентус (0:3), во Лигата на шампионите. Виновникот за поразот, со кој Барселона остана без првото место во групата, тренерот Роналд Куман го најде во главниот судија Тобијас Штилер.

Германецот, во текот на мечот, два пати покажа на белата точка во корист на Јувентус. Двата удари ги реализираше Кристијано Роналдо. Куман, особено бил незадоволен од одлуката на Штилер во 13.минута, кога го досудил првиот пенал за Јувентус.

„Имаш добри пријатели во Италија“, рекол Куман во текот на мечот, а по завршувањето дополнил.

„Кога веќе досуди таков пенал за Јувентус, тогаш мораше да досуди пенал и за прекршокот врз Меси“, изјавил Холанѓанецот, алудирајќи на дуелот помеѓу Меси и Мекени, пред голот на Јувентус.

Scroll to Top