Top Sport

Хамилтон сака да вози во Абу Даби

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, се надевал дека ќе може да ја вози последната трка во сезоната, Големата награда на Абу Даби. Британецот, поради коронавирусот, ја пропушти минатата трка во Бахреин, Големата награда на Сахир.

„Знам дека не бев присутен во јавноста изминатите денови, но дефинитивно ова беше една од најтешките недели низ кои сум минал во животот. Концентриран бев на закрепнувањето и подготовките за да можам да возам во Абу Даби“, рекол во видео-пораката, актуелниот светски шампион.

За да може да седне во своето возило, на патеката во Абу Даби, Хамилтон најпрвин мора да добие негативен корна-тест.

На неговото место, на Големата награда на Сахир, возеше Џорџ Расел, кој само поради грешката што ја направи тимот не го освои првото место. Расел на крајот заврши на деветтата позиција.

Scroll to Top