Името на Пјер ван Хојдонк уште се почитува во Нотингем форест, откако во 1998 година ги внесе во Премиер лигата, така што не зачудува што неговиот син, 20-годишниот Сидни ван Хојдонк е поврзуван со трансфер во сегашниот англиски второлигаш.
Сидни ван Хојдонк одби да го продолжи договорот со холандскиот клуб Бреда, и веќе во јануари може да замине со слободен трансфер, со Нотингем како први фаворити, заедно со уште два клуба од Чемпионшип, Шефилд венсдеј и Свонси.
Сидни има 8 гола и 2 асистенции во холандската втора лига оваа сезона, а вкупно има 15 гола во 22 старта за Бреда, клубот од кој произлезе и неговиот татко.
Ван Хојдонк постигна 28 гола во 42 меча за Нотингем да ги врати во Премиер лигата во 1997/98, меѓутоа потоа штрајкуваше на крајот на сезоната откако клубот одби да го продаде и покрај тоа што тој се договорил за таков трансфер. Тој се врати во игра во 1998/99, но не успеа да помогне клубот да се врати во втората лига, и оттогаш не се вратија во елитата. Потоа тој го освои УЕФА купот со Феенорд и две титули во Турција со Фенербахче.