Top Sport

Оклахома Сити го потврдија Покушевски

Србија доби уште еден НБА кошаркар, откако Оклахома Сити тандер потврди дека потпишале договор со Алексеј Покушевски.

Покушевски беше избран како 17-ти пик на НБА-драфтот од Минесота, но тој заврши во Оклахома по трејдот на двата тима, и клубот му даде четиригодишен договор вреден 14.5 милиони долари.

18-годишниот Покушевски (213 сантиметри) игра на позицијата бек, а минатата сезона за Олимпијакос имаше просек од 10.8 поени, 7.9 скока и 3.1 асистенции. Тој е вториот Србин во Оклахома, откако Василије Мициќ потпиша со Тандер, но ќе остане до крајот на сезоната во тимот на Анадолу Ефес.

Scroll to Top