Кирил Лазаров се врати со фантастичен меч за Нант и со шест гола, меѓу кои и според ЕХФ „класичниот“ најдобар гол, но тоа не беше доволно Нант да слави над Мотор Запорожје, губејќи со 31:32 во драматична завршница.
Украинскиот противник се покажа како опасен, не дозволувајќи Нант да се одвои, но на 10 минути пред крајот, Нант имаа два гола предност (30:28). Тогаш, Борис Пухоски постигна два од своите три гола во последната минута за Мотор да направи пресврт и да стигне до одлична победа.
Со овој резултат, Нант остануваат на шестото место на табелата во групата Б со две победи и 4 поени, додека Мотор се четврти со 8 поени.
Во групата на РК Вардар пак, Пик Сегед стигна до втората победа во низа, откако Бенце Бенхиди со 11 гола ги предводеше до 30:27 победа над Мешков Брест. Со победата, унгарскиот клуб го помина Вардар на шестото место со 4 поени по шест меча, додека Вардар се седми со 3 поени по пет меча.
WATCH: Here is a classic @LazarovKiril7 ? for @HBCNantes. #ehfcl pic.twitter.com/q6yIUkQRib
— EHF Champions League (@ehfcl) December 9, 2020