Фудбалерите на Наполи, вечерва, го играат клучниот натпревар за пласман во нокаут-фазата во Лига Европа. Наполи ќе го пречека тимот на Реал Сосиеда и со нерешен резултат ќе се пласира во наредната рунда.
Во пресрет на дуелот, клубот објави дека двајца играчи се позитивни на коронавирусот.
„Резултатите на тестовите што кои беа направени вчера покажаа дека со вирусот се заразени Елсеид Хисај и Амир Рахмани. Тие веднаш се изолирани, ќе чекаат на нови тестирања“, соопшти клубот.
Наполи и Реал Сосиедад својот натпревар ќе го започнат во 18.55 часот.