Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге вели дека дефанзивецот Давид Алаба би можело да остане во клубот, но напомена дека за неговите услуги се заинтересирани бројни европски клубови.
„Секој клуб со право размислува за засилување. Нормално е врвни тимови да размислуваат за Алаба. Останува тој да донесе одлука, можеби ќе го промени клубот или, пак, ќе се предомисли и ќе остане во Минхен“ рече Румениге за „Тутоспорт“.
Алаба има договор со јуни идната година и во повеќе наврати вели дека по 9 години поминати меѓу Баварците, планира да го напушти клубот.
За 28-годишниот австриски фудбалски репрезентативец се заинтересирани голем број клубови, меѓу кои на прво место се Јувентус и Челси.
Со Баерн Алаба освои две титули во Лигата на шампиони, 9 титули во Бундеслигата, 6 трофеи во Купот на Германија и Светското клупско првенство.