Шесткратниот ол-стар, Пол Џорџ потпиша максимално продолжување на договорот со Лос Анџелес клиперс, со кои му се гарантирани дури 226 милиони долари во следните пет години, откри неговиот агент Арон Минц за „ЕСПН“.
Клиперс ќе му го продолжат договорот на Џорџ за уште четири години за 190 милиони долари покрај гарантираните 35.4 милиони долари за 2020/21. Бројките на крајот можат да бидат помали поради понискиот раст на селери капот поради помалите приходи во НБА лигата поради КОВИД-19, но на Џорџ му се гарантирани 35 отсто од селери капот на клубот.
Со продолжувањето на договорот со 30-годишниот Џорџ, Клиперс го обезбедија ‘рбетот на тимот откако предадоа повеќе кошаркари и избори на драфтот на Оклахома да го добијат Џорџ во 2019. Следниот чекор на клубот ќе биде обезбедување на нов договор за Кавај Ленард, кој може да стане слободен агент следната сезона.