Top Sport

Норвежанките и Французинките на чекор од полуфинале

Фаворизираните Норвешка и Франција стигнаа до првата победа во втората рунда на Европското првенство во ракомет, за да се доближат до пласман во полуфиналето на континенталниот шампионат.

Норвешка, без мака, со 32:25 доминираше над светските шампиони Холандија, додека Франција за малку ќе пропуштеше големо водство против Шпанките, пред да стигне до 26:25 победа. Со овие резултати дури четири репрезентации се без пораз на шампионатот – Франција, Норвешка, Хрватска и Русија.

Французинките направија шест предност на полувреме (16:10), но во средината на второто полувреме, Шпанија со серија од 8:2 се врати во игра и на крајот им недостасуваше време да го комплетираат камбекот. Александра Лакрабер имаше пет гола за Франција, додека кај Шпанките, Мартин Кармен уфрли дури 9 гола, недоволни за изненадување.

Норвешка не дозволи таква драма, поведувајќи со идентични 16:10 на полувреме, за конечен триумф од 32:25 над Холанѓанките. Нора Морк одговори со осум гола за Норвешка, а Стине Офтедал имаше пет.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, ВТОРА ФАЗА

ГРУПА 1

Русија – Црна Гора 24:23 (13:13)

Франција – Шпанија 26:25 (16:10)

Табела: 1.Русија 6, 2.Франција 6, 3. Данска 2, 4.Шведска 1, 5.Шпанија 1, 6.Црна Гора 0

ГРУПА 2

Хрватска – Романија 25:20 (14:10)

Холандија – Норвешка 25:32 (10:16)

Табела:1.Норвешка 6, 2.Хрватска 6, 3.Холандија 2, 4.Германија 2, 5.Унгарија 0, 6.Романија 0

Scroll to Top