Top Sport

Клетвата на Албелда од 2014 година го стигна Куман

Роналд Куман, актуелниот тренер на Барселона, како тренер имаше неуспешна епизода во Валенсија. Нецела година, периодот 2007-2008, Куман го предводеше тимот од „Местаља“. Неговиот мандат во Валенсија се памети по несогласувањата со фудбалерите.

Легендарниот Хоакин, минатиот месец, пред мечот Барселона-Бетис, изјави дека Куман е најлошиот тренер со кого имал можност да работи и дека нема намера да се ракува со него.

Слично размислува и поранешниот капитен на Валенсија, Давид Албелда. Медиумите „ископаа“ негова објава на „Твитер“, од јануари 2014 година.

„Гледам дека деновиве тема на разговор е Куман. Се надевам дека еден ден ќе биде тренер на Барселона за да стане првенството повторно неизвесно“, порачал тогаш Албелда.

Барселона под водство на Куман ја има најлошата сезона во последните три децении.

 

Scroll to Top