Top Sport

„Љубовта кон Наполи ме натера да ги одбијам Јувентус и Интер“

Единсон Кавани, открил дека пред да потпише договор со Манчестер јунајтед, ги одбил понудите на Јувентус и Интер. Кавани, на „Олд Трафорд“, пристигна како слободен играч, откако му заврши договор со ПСЖ.

Причината зошто ги одбил Јувентус и Интер, Уругваецот ја открил при неодамнешната посета на Неапол. На мурал во Неапол, насликан во чест на Диего Марадона, ликот на Кавани се наоѓа заедно со другите легендарни фудбалери на Наполи.

„Го видов Муралот. Тоа е уште еден доказ за љубовта што луѓето во Наполи ја чувствуваат кон мене. Тоа нема никогаш да го заборавам. Емоциите се поголеми бидејќи ова им се допаѓа на моите деца. Можам само да кажам дека вечно ќе им бидам благодарен на навивачите“, рекол Кавани и дополнил.

„Поради ова ги одбив бројни понуди на италијански клубови, меѓу кои и понудите на Јувентус и Интер“.

Кавани од 2010 до 2013 година играше во Наполи, за овој клуб настапил на 138 натпревари, постигнал 104 голови.

Scroll to Top