Top Sport

Жалгирис со голема победа во Атина, ЦСКА ја продолжи серијата

Мариус Григонис постигна 24 поени и ги предводеше Жалгирис до 81:69 победа на гости кај Панатинаикос, за литванскиот клуб да се врати од шест порази во низа.

Григонис имаше 18 поени во првото полувреме со само едно промашување, Најџел Хејс додаде 14 поени (3-од-3 тројки), за Жалгирис да го подобри скорот на 6-7, и да ги однесе домаќините на само 4-8. Немања Недовиќ беше најдобар за ПАО со 12 поени, а Јоргос Папајанис имаше 10 поени и 11 скока.

ЦСКА Москва пак, ја продолжи победничката серија на 8 натпревари, триумфирајќи над рускиот ривал Химки со 96:87. „Армејците“ се непоразени над еден месец во сите натпреварувања, а повторно лидер беше Мајк Џејмс со 36 поени, 10 асистенци и 9 скока. Даран Хилиард додаде 15, а Милутинов имаше 11 поени и 11 скока. За тимот на Римас Куртинаитис ова е нов пораз во лошата сезона (само 2-11 во Евролигата), и покрај 26-те поени на Алексеј Швед.

ЕВРОЛИГА, 13.КОЛО

Химки – ЦСКА Москва 87:96 (22:25, 21:27, 26:25, 18:19)

Панатинаикос – Жалгирис 69:81 (12:24, 21:19, 17:17, 19:21)

Баерн Минхен – Асвел Лион 76:62 (24:15, 18:10, 18:19, 16:18)

Барселона – Милано 86:71 (23:15, 16:28, 21:18, 26:10)

Scroll to Top