Реал Мадрид, на „Алфредо Ди Стефано“ стадионот, вечерва ќе го пречека Атлетико, во дербито на 13.коло, во Ла Лига. Реал во градската пресметка влегува од четвртата позиција на табелата, со натпревар повеќе и шест поени помалку од водечкиот Атлетико. Реал, веќе има три порази сезонава, два од нов на домашен терен, додека Атлетико е единствениот тим без пораз во Шпанија, екипата на Диего Симеоне се наоѓа во серија од седум победи.
Иако сезоната во Шпанија се уште е во својата рана фаза, овој меч може да ја одреди шампионската трка. Причина се тоа е предноста што ја изгради Атлетико, во однос на најголемите ривали Реал и Барселона, со само десет одиграни натпревари.
Пласманот и разликата во бодови, императивот на победа го става пред Реал, Атлетико сигур ќе бидат задоволни и со бод.
Ривалите од Мадрид, во дербито влегуваат по значајните победи во Лигата на шампионите, со кои обезбедија пласман во осмина-финалето.
Реал во дербито ќе биде без Еден Азар и Мартин Едегор, додека кај Атлетико ќе ги нема Хозе Марија Хименез и Диего Коста.
Вечерашното „Ел Мадрилењо“ ќе биде 226 по ред. Реал има далеку повеќе победи 111:56, 52 натпревари завршиле без победник. Последниот натпревар Реал и Атлетико го одиграа, во февруари оваа година, победи Реал со голот на Карим Бензема.