Швајцарецот Мауро Кавицел победи на трката во супер-велеслалом, во Вал Д’ Изер. За Кавицел ова е прва победа во Светскиот куп.
Кавицел најдобро се снајде по тешките временски услови на патеката. Во целта тој влезе со резултат 1:01.34 минути. За 32-годишниот Швајцарец ова е најголем успех во кариерата, претходно седум пати успевал да се искачи на победничкиот пиедестал, но ова му е прва победа.
Второто место го освои Адријан Смисет Сејерстед, додека како трет целта ја мина Австриецот Кристијан Валдер.
Лидерот во генералниот пласман, во Светскиот куп, Алекси Пинтуро трката ја заврши на седмото место.