Иако веќе трет меч во низа одигруваат само нерешно, Реал Сосиедад се искачија на првото место во Ла лига по 1:1 ремито со Еибар, во кое пропуштија победа во финишот на натпреварот.
Тинејџерот Андер Баренечеа Мугуруза донесе водство на „Аноета“ за Сосиедад во 20-тата минута, но Еибар успеа да израмни преку Серхио Енрих во 65. минута. Сосиедад имаа совршена шанса за победа, кога постигнаа гол преку Игор Зубелдија, но тој беше поништен поради офсајд.
Сосиедад сега има 26 поени, колку што има и Атлетико Мадрид на второто место по поразот од Реал, кои сега се трети со 23 поени. Сепак, баскискиот клуб има одиграно 13 меча, Атле само 11, а Реал 12.