Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола доби казна од 20.000 фунти од страна на Фудбалската асоцијација (ФА) за носењето на жолтата лента на натпреварите.
Гвардиола ја носи жолтата лента во знак на поддршка за затворените каталонски борци за независност постојано на сите мечеви од Премиер лигата, но и во Лигата на шампиони. ФА не дозволува политички пораки од страна на фудбалерите и менаџерите.
„Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е казнет со 20.000 фунти и предупреден за однесувањето во иднината, откако призна дека жолтата лента е политичка порака, нешто што се коси со правилата на ФА“, се вели во соопштението.
Гвардиола претходно најави дека ќе продолжи да ја носи лентата.