УФЦ шампионот во велтер категорија, Тајрон Вудли, тврди дека ќе почне да го тренира својот американски сонародник Флојд Мејведер Јуниор за ММА меч, уште еднаш разгорувајќи ги шпекулациите дека Мејведер се подготвува да го предизвика Конор Мекгрегор во УФЦ-октагонот.
Според американскиот веб-сајт „ТМЗ“, Вудли вели дека Мејведер се подготвува за неколку УФЦ мечеви.
„Флојд Мејведер подолго време е заинтересиран за ММА меч, можеби неколку такви дуели. И има ли подобар човек од мене да му покажам како да се снајде во кафезот“, изјави Вудли, кој додаде дека е пријател со Мејведер подолго време и дека договорот за соработка е направен за време на Ол-стар натпреварот во НБА лигата.