Top Sport

Германците не сакаат да играат во Австрија

Ракометната репрезентација на Германија, не сака да игра против Австрија на 6.јануари во Грац.

Во пресрет на Светското првенство во Египет, Австрија и Германија треба да одиграат два натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство. Термините за одигрувањето на овие мечеви се 6.јануари во Грац и 10.јануари во Келн.

Сепак, поради актуелната епидемиолошка ситуација, Германците се сакаат да патуваат во Австрија. Првиот човек на Ракометниот сојуз на Германија, Андреас Михелман, побарал двата натпревари да бидат одложени.

Тој информирал дека планот е репрезентацијата една недела пред почетокот на СП (14.јануари) да биде во изолација, во Египет.

Scroll to Top