Top Sport

Левандовски рушеше рекорди против Волфсбург, Леверкузен продолжува да „гази“

Роберт Левандовски постигна два гола за пресврт 2:1 победа на Баерн Минхен над Волфсбург, но темпото во Бундеслигата го заддржаа и другите две екипи од топ 3, откако лидерот Баер Леверкузен со 4:0 го „прегази“ Келн, а РБ Лајпциг победи кај Хофенхајм со 0:1.

Макс Филип уште во петтата минута донесе водство на „волците“ на „Алијанц арената“, поставувајќи притисок на Баварците, но тука беше Левандовски за пресврт – прво во 45. минута израмни на 1:1, пред на почетокот на второто полувреме да постигне уште еден гол за 2:1 (50. минута).

За потсетување, Левандовски во 2015 година успеа да им даде дури пет гола на Волфсбург за само девет минути, така што е сосема прикладно да стигне до својот 250. бундеслигашки гол токму против овој тим. Со овие два гола, Полјакот има вкупно неверојатни 71 голови во 63 меча за Баерн и за полската репрезентација во календарската 2020 година!

Леверкузен пак, во првите 10 минути постигна два гола против Келн преку Вајзер и Дијаби, за на крајот да стигне до 4:0 победа и да остане на првото место на табелата со 28 поени, само еден пред Баерн и РБ Лајпциг, кои потешко од очекувањата со голот на Јусуф Полсен стигнаа до 0:1 победа кај Хофенхајм.

БУНДЕСЛИГА, 12.КОЛО

Баерн Минхен – Волфсбург 2:1

Келн – Баер Леверкузен 0:4

Арминија Билефелд – Аугзбург 0:1

Хофенхајм – РБ Лајпциг 0:1

Scroll to Top