Фудбалерите на Ајакс во спектакуларен натпревар, преку Утрехт, изборија пласман во осмина-финалето, во Купот на Холандија. Дуелот со многу пресврти му припадна на Ајакс со резултат 5:4.
Утрехт, во Амстердам, имаа предност од 0:1, потоа беше 2.1 за Ајакс, па 3:4, а на крајот домашните со голот на Тадиќ во 89.минута стигнаа до победата.
Утрехт во првата минута со голот на Махи го отворија резултатот, седум минути подцна израмни Тадиќ, а Лабијат во 45. направи пресврт.
Махи, со својот втор гол, во 47.минута израмни на 2:2, а предноста на Ајакс во 54. му ја врати Јаго со авто-гол. Една минута подоцна израмни Ван де Стрик, а во 70.минута ново водство на Утрехт им донесе Сила.
До крајот, Лабијат израмни на 4:4 во 81.минута, а Тадиќ осум минути подоцна го постави конечниот резултат.