Оригиналниот Роналдо го одбрал најдобриот фудбалер со кого имал можност да ја дели соблекувалната. Бразиелцот, пред неколку дена, беше избран во најдобриот тим, во историјата на фудбалот.
„Зизу е најдобриот фудбалер со кого сум тренирал и играл. Тој сега е тренер со три титули во ЛШ. Понекогаш се прашувам кој е подобар, фудбалерот Зидан или тренерот Зидан? Немам одговор на ова прашање“, рекол Роналдо.
Роналдо и Зидан беа соиграчи во Реал Мадрид, во периодот 2003-2006 година.