Top Sport

Гатузо: Нормално е да го пцуеш судијата

Наполи не успеа непоразен да го напушти „Џузепе Меаца“. Интер го доби дербито во Серија А, со голот на Лукаку од пенал. Во моментот кога судијата Давиде Маса покажа на белата точка, протестираше капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње и доби црвен картон.

„Ова се случува само во Италија. Па судијата Маса, две минути претходно, го пофали Инсиње, дека се однесува како вистински капитен. Не можете да исклучите фудбалер, особено ако тој е капитен, само поради тоа што му рекол на судијата да се е.е. Во Англија и Шкотска играчите на судиите стално им говорат да се е..т, а само во Италија за такви работи се делат црвени картони. Дури Инсиње тоа не му го кажа в лице, не беше агресивен“, рекол Гаузо по мечот.

Наполи, во наредната рунда, ќе гостува кај Лацио.

Scroll to Top