Top Sport

Новата сезона во Ф1 ќе биде најдолга во историјата

Светската автомобилистичка федерација (ФИА), го потврди календарот за најдолгата сезона во историјата на Формула 1. Наредната година ќе се возат 23 трки, сезоната ќе започне во Мелбурн на 21.март, а ќе заврши на 6.декември во Абу Даби.

ФИА соопшти дека календарот ќе зависи и од мерките што ќе се носат во текот на пандемијата на вирусот Ковид-19.

Не е познатот само каде ќе се вози трката на 25.април, чии организаторо требаше да биде Вијентнам. Трката во Ханој, се уште не официјално откажана, но сепак нема да се одржи. Главни кандидати за оваа трка се Истанбул, Портимао и Имола.

Нова трка во сезоната ќе биде Големата награда на Саудиска Арабија. Ноќнтата трка во Џеда ќе се вози на 28.ноември.

Сезоната 2021 ќе започне во Австралија, а потоа следуваат трките во Бахреин, Кина и замената за Вијетнам.

Сезоната ќе продолжи во Монако, Азербејџан, Канада, Франција, Австрија, Велика Британија, Унгарија, Белгија, Холандија, Италија, Русија, Сингапур, Јапонија, САД, Мексико, Бразил, Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати.

Scroll to Top