Поранешниот УФЦ шампион во средно-тешка категорија, Џон Џонс има необични подготовки за потенцијалното враќање во октагонот во тешка категорија, споделувајќи видео на кое тренира со целосна воена опрема и со автоматска пушка.
Џонс се откажа од титулата до 205 фунти оваа година по несогласувањата со шефот на УФЦ, Дејна Вајт, нормално за пари, но најави дека е подготвен да го предизвика УФЦ шампионот во тешка категорија, Стипе Миочиќ.
Видеото доби над 300.000 прегледи и лајкови од Конор Мекгрегор и Валтентина Шевченко.