Себастиен Леб е новиот лидер на Мексиканското рели откако стигна до својата трета етапна победа, а Ситроен доминираше во саботата.
Деветкратниот светски шампион, кому ова му е само едно од трите релија на кои ќе настапи оваа сезона, го „фати“ лидерот Дани Сордо во Хјундаи и на крајот го помина со предност од 12 секунди. Неговиот колега од Ситроен, Крис Мик, постави најдобро време на една етапа покажувајќи дека францускиот тим е вратен во борбата за победи.
Светскиот шампион и француски сонародник на Леб, Себастиен Ожие имаше одличен ден за да се врати во позиција за пласман на подиумот, откако го има третото место заедно со Мик, со идентични 15.5 секунди зад Леб.