Мохамед Салах, најдобриот стрелец на Ливерпул, отворено им се нуди на шпанските тимови Реал и Барселона. Египќанецот рекол дека Реал и Барса се најдобрите светски клубови.
Мохамд Салах и во минатиот преоден рок се поврзуваше со Реал Мадрид, сега таа приказна ќе добие на интензитет, бидејќи „кралскиот клуб“ е во потрага по засилување во нападот.
„Реал и Барселона се најдобрите клубови. Кој знае што може да се случи во иднина…Сепак, мојот фокус е во Ливерпул, сакам да му помогнам на тимот повторно да ја освои Лигата на шампиони и Премиер лигата“, рекол Салах во интервјуто за „АС“.
Сепак, тој рекол дека не е сигурен уште колку време ќе остана на „Енфилд“,со што го најавува заминувањето по завршувањето на сезоната.
„Тешко е да се каже уште колку време ќе бидам во Ливерпул. Тоа зависи од клубот. Сакам да уривам рекорди и да ги повторувам успесите“.
Се шпекулира дека евентуалниот трансфер на Салах би изнесувал околу 120 милиони евра.