Top Sport

Црногорец ја смени боксерската историја

Црногорскиот боксер Ратко Драшковиќ го надмина легендарниот Рој Џонсон јуниор и стана најстериот светски првак.

Боксерот од Никшиќ на 52-годишна возраст го освои шампионскиот појас во супер тешка категорија, во верзијата ВБУ. Тој во Хановер со нокаут во втората рунда го победи Британецот Метју Елис.

Драшковиќ ја забележа 37. победа во 49. меч во кариерата. Црногорецот веројатно титулата ќе ја брани против Дени Вилијамс.

„Беше жестока борба. Во втората рунда го натерав судијата два пати да му брои, а потоа и да ја прекина борбата. Чест ми е што станав најстариот светски шампион во историјата на професионалниот бокс“, рекол Драшковиќ.

Легендарниот Рој Џонс јуниор минатиот месец стана највозрасниот боксер со светска титула. На 49-годишна возраст, во крузер категоријата, тој ја освои титулата исто така во верзијата на ВБУ.

Scroll to Top