Top Sport

Леао за историја – постигна најбрз гол во Серија А, за само 6,7 секунди!

Експлозивен старт на калчолигашот Милан на гостувањето кај Сасуоло во рамки на 13 коло во Серија А.

Само што се слушна првиот судиски свиреж, фудбалерите на Милан фуриозно тргнаа кон противничкиот гол. По само едно додавање, топката се најде пред нозете на Рафаел Леао кој во манир на врвен стрелец го најде патот до мрежата по само 6 секунди игра.

Со овој гол, Бразилецот влезе во историјата на Серија А со најбрз погодок до сега. Леао го сруши рекордот кој од 2001 година го држи фудбалерот на Пјаченца, Паоло Поџи кој и даде гол на Фиорентина за 8.9 секунди

Милан неколку минути подоцна (9 минута) поведе и со 0-2, но голот на Чалханоглу беше поништен поради офсајд ситуација.

Сепак, во 26 минута Милан, кој е лидер на табелата во Серија А дојде до 2-0. Салемакерс погоди по асистенција на Тео Ернандес.

Scroll to Top