Тотенхем е поразен, вторпат во низа. По поразот од шампионот Ливерпул, Спарси доживеаја нов неуспех, овојпат од Лестер на својот стадион со 2-0, во рамки на 14 коло во Премиерлигата.
Џејми Варди во последните моменти од првиот дел, од белата точка донесе предност од 1-0 за „лисиците“ откако претходно Орие невнимателно стартуваше врз Фофана. Судијата на сугестија на ВАР санкционираше.
Во второто полувреме, Алдервирелд си постигна автогол откако Варди биеше со глава, а топката несреќно од ногата на дефанзивецот на „петлите“ заврши зад грбот на Лорис.
Првпат во меѓусебните дуели менаџерот на Лестер, Брендон Роџерс слави против Жозе Мурињо.
Со овој пораз, Тотенхем се спушти на четвртата позиција со 25 бода, а Лестер е втор со 27, 4 помалку од лидерот Ливерпул.