Top Sport

Хетафе го среди „крвникот“ на Реал и Барса!

Фудбалерите на Хетафе ја совладаа нагости екипата на Кадис со 2-0. Кадис е тимот што сезонава го „зема скалпот“ и на Реал Мадрид, и на Барселона, но изненадувањето во шпанската Ла Лига потклекна пред тимот на Хетафе.

Кучо Ернандес во 33 минута и Максимовиќ во судиското надополнување се стрелци за погодоците за мадридскиот тим кој немаше триумф цели 2 месеци.

И двете екипи се наоѓаат на средината на табелата во Ла Лига.
Во ова коло, Гранада со 2-0 славеше домашен триумф против тимот на Бетис, а во тек е дуелот меѓу Еибар и Реал Мадрид.

Scroll to Top