Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Питер Крауч признава дека Мо Салах и Садио Мане не се најдобри пријатели, но тоа „себично“ однесување носи конкуренција и на крајот е плус за тимот на Јирген Клоп.
Мане не беше најсреќен што беше заменет по речиси час игра при легендарната 0:7 победа кај Кристал палас, и на негово место влезе Салах, кој подоцна постигна уште два гола. Крауч вели дека незадоволството кое го покажа Сенегалецот е позитивно.
„Има проблем со такво однесување и такви односи во тимот само ако губите. Ливерпул освоија се што е можно последните две години и се фаворитите за титулата и оваа година со ваква форма. Секако, постои конкуренција меѓу Салах и Мане – секој напаѓач е себичен и двајцата сакаат што е можно повеќе голови. Посебно, Салах изгледа опседнат со бројките. Мане беше бесен кога го заменија, се гледаше тоа. Дали се најдобри пријатели со Салах? Се сомневам, но воопшто не е важно. Имав партнери во нападот кои знаев дека не ме мирисаат, но тоа не ми пречеше да давам голови“, вели Крауч.
رد فعل #ماني لحظة إستبداله بـ #محمد_صلاح pic.twitter.com/uzirvIEJmQ
— Malabk.com (@malabkofficial) December 19, 2020