Top Sport

Зидан: Не ми се допаѓа коментарот на Куман

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, на прес-конференцијата пред мечот со Гранада, признал дека не му се допаѓа коментарот на колегата од Барселона Роналд Куман. Холанѓанецот, оценил дека Еибар биле оштетени за пенал, во неделата, против Реал.

За спорната ситуација во 81.минута, кога топката во раката го погоди Серхио Рамос, а главниот судија не го консултираше ВАР, Куман рекол дека девет од десет луѓе ги досудиле пенал.

„Секогаш ми пречи кога се зборува за судиите. Јас никогаш не ги коментирам нивните одлуки, бидејќи знам колку е тешка нивната работа. Ништо нема да кажам ниту за зборовите на Куман. Јас секогаш се фокусирам на наредниот натпревар“, рекол Зидан.

Реал Мадрид, во вонредното коло, утре вечер ќе ја пречека Гранада.

Куман: Некои работи кај ВАР не ми се јасни

Scroll to Top