Центарот на Денвер Нагетс и репрезентацијата на Србија, Никола Јокиќ, уште еднаш ги воодушеви јавноста, откако на натпреварот против Сакраменто Кингс оствари трипл-дабл за само три четвртини. Трипл-дабл и тоа со 10 блокади забележа и Ентони Дејвис во поразот на Њу Орлеанс од Јута 99:116.
Денвер убедливо го победи Сакраменто 130:104. Јокиќ натпреварот го заврши со 20 поени, 11 скока и 10 асистенции. Ова е негов трипл-дабл во сезоната.
Интересно во официјалната статистика најпрвин се појави податок дека до трпл-дабл Јокиќ стигнал за 17 минути, но потоа била исправена грешката. Србинот до ова остварување стигнал за 29 минути.
Јокиќ пред еден месец, на 16.февруари, оствари трипл-дабл за 14 минути што е најбрзо такво оставрување во историјата на лигата.
Ентони Дејвис против Јута одигра неверојатен меч (25 поени, 11 скока, 10 блокади, 3 асистенции, 3 украдени топки), но не успеа да го спречи убедливиот пораз на својот тим.
Јута имаше повеќе расположени кошаркари: Рики Рубио (30 поени, 10 скока, 7 асистенции), Донован Мичел )27 поени), Руди Гобер (19 пони, 16 скока).