Top Sport

Наполи ја добија битката, им се врати поенот и ќе се преигра дербито со Јувентус!

Жалбата на Наполи за службениот пораз од Јувентус од 3:0 е прифатена, што значи дека на „партенопеи“ ќе им се врати одземениот казнен поен, а натпреварот ќе мора да се преигра.

Мечот Јувентус-Наполи не се одигра на 4 октомври откако Наполи не отпатуваа во Торино поради позитивните тестови на корона вирус на Елиф Елмас и Пјотр Зиелински и наредбата од локалната здравствена власт во Кампанија да останат во изолација.

Серија А одби да го одложи мечот и му додели на Јувентус службена 3:0 победа и им одзеде еден поен на Наполи, со објаснување дека клубот не се придржувал до протоколите за КОВИД-19 и не направиле доволно да учествуваат во мечот.

Претходно двете жалби на Наполи беа одбиени, но сега случајот отиде кај Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ). Мечот сега најверојатно ќе биде презакажан во јануари.

Адвокатот на Наполи, Матија Грасани вели дека ова е „триумф на правдата“.

„Ова е историска пресуда, на третата жалбена постапка. Со ова се посочува дека резултатот на мечевите мора да се одлучи на теренот. Не смее да се ризикува здравјето за фудбалски меч. Ова е победа на Давид над Голијат, бидејќи сите мислеа дека ќе бидеме поразени“, изјави Грасани.

Scroll to Top